Маџари и МЗТ Скопје 2 во меѓусебни дуели ќе решаваат за влез во Првата лига

Маџари и МЗТ Скопје 2 се првите полуфиналисти во плејофот од Втората лига откако двата скопски клуба со максимални 2-0 ги добија четвртфиналните серии против Охрид, односно Црн Дрим.

Маџари влезе како прв носител во плејофот, а тимот на Миодраг Тодоровиќ со две убедливи победи над Охрид направи уште еден чекор напред кон влез во елитата. По рутинскиот триумф на домашен терен, Маџари беше уште поубедлив на гостувањето во Охрид, славејќи со убедливи 67-97.

Ривал во полуфиналето ќе им биде вториот тим на МЗТ Скопје откако аеродромци триумфираа и на вториот дуел со Црн Дрим, овојпат на домашен терен со 77-65. Победникот од оваа полуфинална серија ќе обезбеди влез во елитното друштво, нема сомнеж дека Маџари ќе ја има фаворитската улога, но младите „штркови“ сезонава еднаш веќе го совладаа градскиот ривал и сигурно нема да бидат наивен противник.

Се вчитува...