Македонија го има вториот најдобар голман во најсилната ракометна лига!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски бележи фантастични партии во германската ракометна Бундеслига, наметнувајќи се како еден од најдобрите чувари на мрежата во ова елитно натпреварување.

Според официјалната статистика за сезоната 2026/27, Томовски, кој ги брани боите на екипата на Битигхајм, во моментов се наоѓа на високото второ место на листата на голмани со најмногу интервенции. Македонскиот чувар на мрежата има забележано 83 одбрани на седум одиграни натпревари, со процент на успешност од 26,95 отсто.

Пред Томовски на оваа листа се наоѓа само Давид Шпет од Рајн-Некар Левен, кој има собрано 103 одбрани, но на осум одиграни средби. Дека македонскиот голман се наоѓа во животна форма потврдува и фактот што зад себе остави голем број етаблирани и светски познати голмански имиња. Меѓу нив е и легендарниот германски репрезентативец Андреас Волф од Кил, кој во моментов има 76 одбрани.

 

Се вчитува...