Македонија гордо во Абердин: Миовски на концертот на маестро Симон Трпчески (ВИДЕО)

Најпознатиот македонски пијанист, виртуозот Симон Трпчески серијата свои концерти ширум светски признатите центри, ја дополни и со концерт во шкотски Абердин.

Трпчески, кој добро е познато дека и тоа како е страстен поддржувач на македонскиот спорт и пред се фудбалската репрезентација, не пропушти можност за средба и со македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски за време на својот престој во Абердин. И двајцата издвоија време за срдечна меѓусебна средба.

Маестро Симон Трпчески, пак, приреди и вистинска чест за Миовски поздравувајќи го пред почетокот на неговиот концерт.

„Иако Абердин е прилично далеку од Македонија, Шкотска поседува посебна топлина која секогаш ме импресионира. Знам Македонци кои живеат тука, но оваа вечер би сакал да ја посветам на една посебна личност која е во публиката моментално. Се работи за еден од нашите најдобри фудбалери и член токму на фудбалскиот клуб Абердин, а тоа е Бојан Миовски“ – потенцираше македонскиот виртуоз пред неговиот настап, по што следуваа овации за македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...