Мануел Нојер има 38 години, но неговиот личен пример ја докажува вистинитоста на фразата дека фудбалските голмани се како вино – стануваат се подобри колку што стареат. Голманот на германската репрезентација тоа го демонстрираше од првата минута на Европското првенство на тлото на својата татковина, како еден од најсилните адути на селекторот Јулијан Нагелсман на патот до четвртфиналето на ЕУРО 2024.
Интересно е што тоа го прави како две години постар од својот претпоставен, очигледно без вишок суета во однос на шефот или проблеми со авторитетот на млад стручњак, како што често може да биде случај во соблекувалните.
Колку е посветен на репрезентацијата и со задоволство се враќа во неа и по проблемите со повредите и долгите клупски сезони во дресот на Баерн, покажува и новособорениот репрезентативен рекорд на легендарната „единица“ на Баварците.
До осминафиналето со Данска најмногу настапи на континенталните натпреварувања имаше Бастијан Швајнштајгер кој ужива во пензија, а од синоќа тоа е Нојер со вкупно 19 настапи на ЕУРО.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА