„Меси, Роналдо и Надал не се добар пример за младите“

Поранешниот шпански репрезентативец и фудбалер на Барселона, Бојан Кркиќ, денеска го промовира својот документарец во кој ги руши табуата дека фудбалерите на зборуваат за своето ментално здравје.

Кркиќ, кој беше еден од најголемите таленти на Барселона и Шпанија, не успеа да се избори со притисокот па со години се лечеше од депресија и анексиозност.

„Документарецот е нешто што од поодамна сакав да го направам, да ги пренесам своите искуства. Сакав да објаснам што доживеав. Ова не е документарец само за љубителите на фудбалот, тој оди и понатаму, зборува за личните ситуации и не учи нас дека Лионел Меси не е пример“ – вели Кркиќ, и дополнува:

„Меси, Роналдо и Рафа Надал не се обични случаи, и не треба да бидат пример за младите. Тие се извонредни. Успехот не е тоа, тоа е нешто кое им се случува само нив. Успехот може да се примени на разни сценарија. А, нивниот успех прави само притисок“.

На прашањето да издвои пример за успешен спортист кој би бил добар пример за младите…

„За мене тоа е Серхио Каналес затоа што трипати го оперираше коленото, а и покрај тоа дојде до репрезентацијата. Тоа е пример за успех“ – вели Кркиќ.

Се вчитува...