Меси стигна до 500 милиони следбеници на инстаграм, колку има Кристијано Роналдо?

Лионел Меси ја достигна неверојатната бројка од 500 милиони следбеници на инстаграм, со што аргентинскиот фудбалер стана само вториот човек во светот што ја надминал оваа невероајтна цифра.

Меси долго време важи за еден од најдобрите фудбалери на светот, но популарноста од другата страна на Атлантикот уште повеќе му се зголеми по одлуката по заминувањето од ПСЖ да се пресели во Интер Мајами. Тој предизвика фудбалски земјотрес во САД, а енормно скокна и бројот на следбеници на неговите профили на социјалните мрежи, по што тој ја достигна цифрата од 500 милиони.

Вечната трка меѓу Меси и Роналдо во овој случај не е премногу интересна, ако се знае дека Аргентинецот е со огромно заостанување зад португалската суперѕведа.

Кристијано Роналдо на својот официјален профил има 662 милиони следбеници, со што не само што доминира во однос на Меси, туку е и најследен човек на Инстаграм од формирањето на оваа социјална мрежа.

Се вчитува...