Микел Хансен ја покажа својата девојка

Најдобриот дански ракометар, Микел Хансен, конечно во јавноста ја покажа својата девојка, Стефани Гунделах. Ракометарот на ПСЖ и познатата данска модна-блогерка се подолго време заедно, но досега вешто ги одбегнуваа фотографите и медиумите.

Овој пат тие се појавија заедно на ВИП собирот во Л’Аркор хотел во Париз за концертот на Кендрик Ламар. Бекот на ПСЖ и неговата придружничка за разлика од претходно, овој пат не се криеја од фотоапаратите и ја потвдрија својата врска.

Девојката на Микел Хансен е позната стилистка во Данска и е една од тројцата основачи на блогот Anywho.dk.

Се вчитува...