Милер: Во шок сум, тешко е емотивно да се прифати ваков пораз

Искусниот Томас Милер го коментираше поразот на Германија од Јапонија во првото коло за Германците на Мундијалот во Катар. И покрај водството и неколкуте неискористени шанси, сепак, на крајот Јапонците стигнаа до пресврт и до сензационална победа.

Играчот на Германија кажа дека поразот не е заслужен, но треба да се прифати и да се гледа напред. Според него сега ситуацијата е комплицирана и мора да се победи Шпанија.

„Одигравме добро во целина. Но, не успеавме неколкуте добри шанси да ги претвориме во голови. Лошо е што почнуваме со пораз, но фудбалски би рекол дека ова беше незаслужен пораз. Имавме одлични шанси во вториот дел да дојдеме до втор гол, и не искористивме. Прифаќањето на ваков пораз не е лесно. Поразот е лесно да се прифати спортски, но тешко е емотивно. Јапонците во вториот дел се сменија и беа поагресивни. Но, и покрај тоа создадовме шанси“, рече Милер и додаде:

„Во последните 15 минути го загубивме мечот, претходно имавме контрола. Малку сум во шок, обично ги добиваме овие натпревари. Сега мораме физички да се опоравиме не чека мечот со Шпанија. Треба да победиме, сега судбината е во наши раце“, изјави Милер.

Се вчитува...