Младинците во решавачки дуел со Португалија

По победата против Полска на стартот од квалификациите за СП 2017 (У21), машката младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска (17.45) во „Кале“ ја очекува решавачката пресметка со Португалија. Победникот од овој дуел е најблиску до првото место во групата кое единствено носи пласман на СП во Алжир.

Победата и добрата игра на младите македонски ракометари во воведниот дуел, остава простор за реален оптимизам во пресрет на дененшниот дуел.

„Треба да го заборавиме натпреварот со Полска и целосно да се фокусираме на дуелот со Португалија. Не го гледавме натпреварот меѓу Португалија и Полска за да можеме со мирни глави да влеземе во денешниот дуел. Треба да се воздржиме од еуфорија и со паметна игра да го добиеме овој меч и да обезбедиме пласман на СП “ – вели селекторот на македонската репрезентцаија, Илија Темелковски.

Оптимистички во решавачкиот дуел влегува и репрезентацијата на Португалија која на стартот ја победи Турција (40-27).

Нашите шанси на овој квалификациски турнир се многу добри. Полска и Македонија имаа силни тимови и свесни сме каде играме. Но ние имаме можност да се квалификауваме на СП и ќе се бориме за нашата цел“ – истакнува португалскиот селектор Нуњо Сантош.

Во вториот натпревар во групата, денеска (15 ч.) играат Полска и Турција.

Се вчитува...