Македонската традиционална карате федерација синоќа со свеченост го одбележа големиот јубилеј 50 години карате во Македонија. Со специјални награди и по една монографија беа одликувани 56 спортски и карате легенди, поддржувачи на карате спортот во РМ меѓу кои беа: премиерот на РМ Зоран Заев, директорот на АМС Дарко Каевски, амбасадорката на Јапонија во РМ Кеико Ханада-Амбасадорка, Владимир Јорга, Венцислав Недев, Дејан Недев, Шабан Трстена, Насе Насев, Васил Тупурковски и многу други.
На свеченоста беше промовиран и документарен филм за каратето во РМ и за Венцислав Недев – карате тренер на векот во РМ.
По поводот јубилејот во просториите на МОК од страна на претседателот Васил Тупурковски беше приреден прием на Владимир Јорга, Венцислав Недев и Дејан Недев. по повод јубилејот 50 години карате во РМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА