Му оди коцкањето: После добивка во обложувалница, Агуеро победи и во покер

Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро, мораше да го остави професионалниот фудбал откако лекарите му откриле проблеми со срцето, но славниот Аргентинец пронајде нова страст во која постигнува одлични резултати.

Агуеро се проба и во покер, и се истакнува иако е само на почетокот на кариерата. Минатата година освои 10.000 евра на покер, Агуеро ја однесе главната награда на последниот покер турнир, и така ја однесе главната награда во висина од 50.000 евра. Тој ја победи големата ѕвезда на Покер, Дамиан Салас, човек кој во кариерата заработил 3,5 милиони евра.

 За време на турнирот, носел маица со капа и наочари за сонце, затоа што сакал да го сокрие својот идентитет. За потсетување пред неколку дена доби пари од обложување на мечот Реал Мадрид – Манчестер Сити. Ставил повеќе од 10.000 долари дека на мечот ќе има три или повеќе голови, со што заработи 20.000 долари за само 15 минути од мечот.

Се вчитува...