МЗТ ќе плати 30.000 денари казна

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје доби парична казна од дисциплинската комисија од 30.000 денари поради тоа што на последниот меч против МКК Куманово на трибините во „Јане Сандански“ имаше навивачи.

МЗТ беше казнет со забрана на присуство на гледачи на еден натпревар поради инцидентите на дуелот со Работнички.

„Во еден момент од натпреварот упаднала поголема група на домашни навивачи кои запалиле два факела и пееле навивачки песни и упатувале навредливи и вулгарни зборови кон раководството на КФСМ. Во тој момент натпреварот бил прекинат и паузата траела осум минути. Потоа навивачката група мирно ја напуштила салата“, пишува во извештајот на делегатот. 

Покрај казната од еден натпревар која ја доби актуелниот шампион на мечот со Работнички тие платија и парична казна од 64.000 денари.

Се вчитува...