Најдобра кошаркарска акција било кога!? Ги натераа противничките да бранат погрешен кош!

Кошаркарите на Луисвил Кардиналс од САД се заслужни за кошаркарската акција на годината… На дуелот против Дјук, глумеа дека го напаѓаат својот кош. Противничките застанаа покрај нив чекајќи две кошаркарки да ја изведат топката од центарот. Но, тие ја изведоа и лесно си постигнаа поени на небранетиот кош…

„Ни се смееја, а ние немавме поим што се случува. Кога видовме дека одат сами на полагање, сфативме дека го браниме погрешниот кош“ – рече кошаркарката на Дјук, Лекси Браун.

За потегот кој досега не е забележан во кошарката најзаслужен е тренерот на Луисвил, 45-годишниот Џеф Волц…

„Што се случи на почетокот од второто полувреме? Ништо, си постигнавме лесни поени…. Добро, ги излажавме малку. Кога видов дека кошаркарките на Дјук се загреваат ги собрав моите девојки и им реков во нашата напаѓачка акција да застанат под нашиот кош. Ни успеа, затоа што противничките кога излегоа на паркет застанаа веднаш покрај нашите девојки мислејќи дека го бранат својот кош. Тоа е тоа“ – истакна по мечот Волц.

Се вчитува...