Нејмар изненади и расплака 7-годишно девојче… (ВИДЕО)

Седумгодишната Аријана се прослави во американската ТВ серија на која децата имаат можност да го демонстрираат својот талент. Веднаш потоа се најде и во емисијата на Стив Харви каде ја чекаше огромно изненадување.

Аријана, која е голем фан на Бразилецот Нејмар, и се расплакува на секое спомнувањето на неговото име доби видео порака од својот идол а потоа и негов потпишан дрес… Реакцијата на малата Аријана, полна емоции, може да ја погледнете…

А, нејзиниот идол и порача.

„Здраво Аријана. Ти праќам бакнежи. Ја ценам твојата љубов и поддршка, па сакам да ти дадам неколку совети: Верувај во тоа што го сакаш! Никогаш немој да се откажуваш. Само ти можеш да одредиш колку далеку ќе стигнеш. Господ да те благослови. Се гледаме наскоро“.

Се вчитува...