Несекојдневен подвиг: Сања Николовска по падините на Водно го искачи Монт Еверест

Сања Николовска Најдовска  направи успешен обид за прв женски Еверестинг во Македонија на истата патека како и минатогодишниот прв тркачки Еверестинг.

Сања успеа да ја искачи патеката ”Димитар-Цветкова”  19 пати  во севкупно времетраење од 18:32:47. Ова резултираше со искачени над 9000 висински метри што е идејата на Еверестингот *читајте повеќе тука – https://everesting.cc/ .  Подвигот започна некаде во 4 часот наутро а заврши во 22:30 навечер на 20.06.2020.

Најголемиот дел од спуштањата беа направени со Specialized Bicycles Levo e-bike што овозможи полесно качување за логистичката поддршка со оглед на нефункционирањето на жичницата.

На жешкиот исток, пак, штипската Трекс екипа составена од Жикица Ивановски и Дарко Роглев  направи свој потфат на ридот Калисибери со вкупно 17 повторувања.

Идејата беше да се направат што повеќе повторувања на една иста делница, највисокиот рид во околината на Штип во времетраење на долгоденицата – од изгрејсонце до зајдисонце.

Дечките успеаја да изминат одлични 73км со 5600 метри висинско искачување за 15:21:15.

Се вчитува...