Ниту НБА, ниту Европа: Расел Вестбрук стави крај на кариерата! (ВИДЕО)

Расел Вестбрук, поранешен МВП и играч на бројни НБА-тимови, го објави крајот на својата кариера на 38-годишна возраст.

Вестбрук, кој е само вториот играч во историјата што завршил сезона со просек од „трипл-дабл“, ја соопшти својата одлука на оригинален начин преку краток филм во времетраење од три и пол минути, раскажан од оскаровецот Мајкл Б. Џордан.

Играчот, кој на врвот на кариерата 11 сезони го носеше дресот на Оклахома, ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) во 2017 година и уште девет пати учествуваше на „Ол-стар“ натпреварот.

Тој дури четири пати (2017, 2018, 2019 и 2021 година) оствари двоцифрен просек во поени, скокови и асистенции, а е и рекордер во НБА според бројот на „трипл-дабл“ учиноци (209), пред Никола Јокиќ.

По заминувањето од Оклахома, настапуваше за Хјустон, Вашингтон, Лејкерс, Клиперс, Денвер и Сакраменто. Во ниту еден тим не се задржа подолго од две сезони. Она што не успеа да го постигне во својата 18-годишна кариера беше шампионската титула. Единственото финале го одигра со Оклахома во 2012 година.

Се вчитува...