Утрово во градското собрание на Белград се одржа комеморација за неодамна починатиот Дејан Милојевиќ. Комеморацијата започна со едноминутно молчење и прикажување на краток филм за животот и кошаркарската кариера на Дејан Милојевиќ. На настанот одржан во чест на Дејан Милојевиќ присуствуваа неговите бројни колеги, семејството и пријателите.
Потоа пред присутните се обратија претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија Предраг Даниловиќ, државниот секретар за спорт Марко Кешељ, соработникот и пријател на Милојевиќ – менаџерот Миодраг Ражнатовиќ, како и неговиот поранешен соиграч Милан Радовановиќ.
Дејан Милојевиќ почина од срцев удар на 17. јануари во Солт Лејк Сити на 47-годишна возраст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА