Португалецот Бернардо Силва и официјално е нов играч на Реал Мадрид.
По девет сезони во Манчестер Сити, Бернардо Силва го смени клубот, па во следните две сезони ќе го носи дресот на славниот Реал Мадрид, каде што пристигна на експресно инсистирање на Жозе Мурињо.
Денеска, „кралскиот клуб“ објави дека португалскиот репрезентативец и официјално го потпишал договорот.
👋 ¡Bienvenido, @BernardoCSilva ! 👋 pic.twitter.com/FYU1TiqJAS
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 17, 2026
Во битката за потписот на Силва, Реал имаше жестока конкуренција од Барселона и Атлетико. До пред само неколку дена, Каталонците беа во „пол“ позиција да го доведат, но потоа еден повик промени сè – оној на Мурињо.
Новиот тренер на Реал буквално им кажа на челниците на клубот дека „Силва мора да биде доведен“, за што, на крајот, тој најмногу придонесе преку личен напор и преговори со играчот.
Поволна околност за клубот е статусот на Силва како слободен агент по истекот на неговиот договор со Сити, па затоа не беше потребно да се исплати обештетување, па затоа беше „само“ важно да се убеди Португалецот да го избере Реал, покрај Барса и Атлетико.
Тука се вмеша Мурињо и го остави Силва само со еден избор…
Така Португалецот стана ново засилување за Реал за краток период, бидејќи претходно клубот го обезбеди потписот на Марко Кукуреља од Челси, а во наредниот период се очекуваат пристигнувањата на Ибрахим Конате од Ливерпул и Дамфрис од Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
