Охрид е прв фаворит за триумф во Европскиот Куп, Алкалоид четврти

Победникот во Европскиот куп од минатата сезона, екипата на Охрид е главен фаворит за трофејот и во новата сезона.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) пред стартот на новото издание на третото по квалитет европско клупско натпреварување, ја објави листата на фаворити и на првото место се наоѓа македонскиот тим кој минатата сезона го освои ова натпреварување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF European Cup (@ehfec_official)

 

Високо котира и вториот македонски тим кој исто така го има кренато шампионскиот пехар во Европскиот куп, екипата на Алкалоид.

Алкалоид е четврти фаворит за триумф, а помеѓу него и Охрид, ЕХФ ги смести Берн и романската Потаиса.

Охрид одбраната на трофејот ќе ја започне против турскиот Спор Тото, а двата меча ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид, на 23 и на 24 октомври.

Алкалоид в сабота ќе го пречека австрискиот Ферлах.

Се вчитува...