Палмарсон е оптимист: Би требало да сум „фит“ за стартот на СП

Исланд настапува на турнирот во Данска без помошта на својот најдобар ракометар, Арон Палмарсон, но бекот на Веспрем работи напорно во татковината за да ги надмине проблемите со повредата и да му се стави на располагање на стручниот штаб за претстојниот мундијал. На четири дена пред стартот на Светското Првенство во Франција, Палмарсон е полн со оптимизам дека ќе биде во можност да го предводи Исланд од првиот натпревар на овој мундијал.

Добив инјекција пред три дена и ситуацијата се одвива во позитивен правец. Телото ми ги издржува напорите, тренирам без проблеми и доколку нема компликации в понеделник ќе летам за Данска, таму ќе се сретнам со остатокот од репрезентацијата и заедно ќе отпатуваме за СП во Франција. Како што стојат работите во моментов, би требало да сум „фит“ за стартот на Светското Првенство“ – изјави Палмарсон за исландските медиуми.

Добра вест за Исланд е што Атласон и Халгримсон, кои исто така се мачеа со повреди, целосно ги надминаа проблемите и се подготвени за настап на мундијалот.

Се вчитува...