Кристијано Роналдо е еден од најплатените спортисти во светот во последните дваесетина години, па не е никакво изненадување што Португалецот може да си дозволи да потроши богатство да ги исполни желбите на своите најблиски.
Така, тој се согласил да плати еден милион евра за познатата инфлуенсерка Марта Гарсија – Буки да мине една седмица со него и со Георгина Родригез како приватна готвачка за време на нивниот летен одмор на Ибица.
Буки, која има над 500.000 следбеници на социјалните мрежи, обелодени дека била контактирана од Георгина, која и ја дала оваа неодолива понуда.
„Ми понуди да станам нејзина приватна готвачка и да минам седум дена со Георгина и со Кристијано на јахта на Ибива. Георгина многу сака добра храна, сигурно ме забележала на социјалните мрежи… Ако сакаат бифтек или било што друго за јадење во два наутро, јас без проблеми ќе им го зготвам. Знам дека нема да биде лесно бидејќи тоа ќе биде семеен одмор, а децата вообичаено имаат специјални желби. Сепак, понудата од еден милион евра е премногу добра, сигурно ќе биде спектакуларно искуство“, обелодени Буки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА