„Пелистерци“ лесно до победа во Прилеп

Ракометарите на Е. Пелистер без никакви проблеми триумфираа на гостувањето против Прилеп со 23-39 во Суперлигата на Македонија, па остануваат на врвот на табелата во домашниот шампионат.

Тимот на Лино Червар уште по првото полувреме се стекна со предност од 14-20, и потоа се беше јасно на мечот.

Во второто полувреме уште поубедлива игра за конечна победа од +16 гола разлика.

Капитенот Филип Кузмановски постигна девет гола за „пелистерци“, а Садоу Нтанзи заврши со пет гола. Кај Прилеп, Димитар Димитриоски постигна пет гола.

Е. Пелистер по седум одиграни натпревари има шест победи и едно реми. Прилеп, пак, е петти на табелата со осум бода.

Се вчитува...