Пикси пред Бразил: Од никого не се плашиме, горд сум што ја одведов мојата Србија на СП

Драган Стојковиќ Пикси оствари извонреден резултат откако со Србија го освои првото место во групата, без бараж пласирајќи се на СП 2022 во Катар.

Сега нашиот северен сосед го очекува спектакл во Катар, каде на премиерата Србите ги очекува пресметка со Бразил, еден од главните фаворити за шампионската титула.

„Се чувствувам среќно и гордо што мојата мала Србија ја доведов на СП во Катар. Тоа од мене прави среќен човек, не сум под стрес, туку со нетрпение го очекувам почетокот. Знам кој состав ќе го изберам, но не можам да го откријам на еден ден пред натпреварот, тоа би било несериозно. Она што го очекувам е една добра, храбра Србија, која ќе даде се од себе да сстигне до позитивен резултат. Од никого не се плашиме, па ова е игра десет на десет во поле, една топка, еден терен. Мечот ќе почне со 0-0, за многумина Бразил има поголеми шанси за победа, но и Србија има свои шанси за три бода“, храбро изјавува српскиот кормилар.

Дуелот меѓу Бразил и Србија на програмата е утревечер со почеток во 20 часот.

Се вчитува...