Победнички старт на Франција, пресуди автогол

Франција стигна до три бода во првиот свој натпревар на Европското првенство во Германија откако славеше со минимални 1-0 против Австрија.

Стрелецот на единствениот гол на натпреварот беше Максимијалн Вобер кој во 38. минута во обид да ја исфрли топката надвор од шестнаесетникот по центаршутот на Килијан Мбапе ја затресе сопствената мрежа.

Франција до крајот на средбата имаше шанси и да ја зголеми предноста, но обидите на „триколорите“ не ја затресоа мрежата на Пентз.

Се вчитува...