По возбудливите 22 кола во регуларниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига денеска започнува битката за пласман во „елитата“ на македонската кошарка.
Во разигрувањето се најдоа најдобрите осум тима од регуларниот дел на сезоната (Чаир 2030, Соколи 1933, Борец Баскет, Вардар, Баскет Кам, Шкупи, Струмица и Партизан Водно Санс), а само два од нив следната сезона ќе се борат со најдобрите тимови од мак-баскетот.
Четвртфиналните двојки се следните:
(1) Чаир 2030 – (8) Партизан Водно Санс
(2) Соколи 1933 – (7) Струмица
(3) Борец Баскет – (6) Шкупи
(4) Вардар – (5) Баскет Кам
Серијата се игра по форматот „подобар во три натпревари“, а во полуфиналето силите ќе си ги одмерат подобрите од паровите (1-8 и 4-5), односно (2-7 и 3-6). Како потсетување двата финалисти ќе се пласираат во Првата кошаркарска лига.
Возбудувањата започнуваат денеска од 16 часот со натпреварот помеѓу Вардар и Баскет Кам на „Кале“, а продолжува од 18 часот со натпреварите помеѓу Соколи 1933 и Струмица, односно Борец Баскет и Шкупи. Првиот четвртфинален ден ќе биде комплетиран oд 21 часот со средбата помеѓу Чаир 2030 и Партизан Водно Санс.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА