Во вчерашната победа на Барселона до 5-0 против Лас Палмас стрелец на еден од головите беше и Лионел Меси. Па, Аргентинецот постави нов рекорд, и сега нема тимови во Ла Лига на кои не им дал гол.
Исто така, Меси го израмни и рекордот на легендарниот Раул кој играјќи во дресот на Реал Мадрид ги тресеше мрежите на 35 различни клуба во Шпанија. Раул е еден од ретките икони на кралскиот клуб кој има обичај да ги фали големите ривали од Барселона, па истото го направи и вчера за Лионел Меси.
Навивачите на Реал по неговиот статус на Твитер беа бесни порачувајќи дека тој не е вистински навивач на овој клуб, туку „продадена душа“.
„Задоволство е што можеме да уживаме во твоите голови од ден на ден“ – напиша Раул откако Меси го израмни неговиот рекорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА