Целиот стадиот во Штутгарт занеме при немилите сцени во шкотскиот шеснаесетник, откако унгарскиот напаѓач Барнабас Варга падна на теренот и остана неподвижен да лежи додека останатите фудбалери се фаќаа за глава околу него.
По неколкуминутна лекарска интервенција тој на носилки беше изнесен од теренот и пренесен во клиниката во Штутгарт, од каде пристигнуваат позитивни вести.
Како што јавуваат унгарските медиуми, Варга уште во амбулантното возило бил свесен и комуницирал со лекарите, што секако е одличен знак по страшните сцени на теренот.
„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментно се наоѓа во болниата во Штутгарт, ќе ве информираме штом дојде до промена во неговиот статус“, се вели во соопштението на Унгарската Фудбалска Федерација.
Се очекува тој да ја мине ноќта во болница за да му бидат извршени сите испитувања, со надеж дека се ќе биде во најдобар и Варга наскоро би можел повторно да заигра фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА