Прилепскиот милионер открива: Прво што ќе купам е дрес од Де Хеа

Ване Лесновски е новиот македонски идол откако прилепчанецот со фантастично типување стигна до добивка од над половина милион евра. Тикетите беа уплатени пред еден месец, а последен натпревар на нив беше дуелот меѓу Севилја и Манчестер јунајтед, на кој Лесновски чекаше Х2 (реми или победа на гостите од Англија). Севилја целосно доминираше во текот на сите 90 минути, а херој на прилепчанецот беше гостинскиот голман Де Хеа, кој со неколку бравурозни интервенции си ја сочува мрежата незатресена.

Прво нешто што ќе купам со парите е дресот на Де Хеа, кој веќе е нарачан. Сакам да го врамам и да го закачам во дневната соба – човекот заслужи. Ќе му бидам благодарен до крајот на животот“ – изјави Лесновски за „Моцарт спорт“.

Се вчитува...