Продаваше голи фотографии, а сега е една од најважните дами во УФЦ

Шармантната црнка од Њујорк доби почит од познатата ММА организација благодарение на нејзиниот оригинален пристап.

Нина Мари Даниел, попозната по прекарот Нина Драма, денеска е една од најпрепознатливите и највлијателни медиумски личности во светот на УФЦ. Во изминатите години, Нина Мари Даниел направи серија интересни интервјуа со најдобрите борци на УФЦ. Сите ја обожаваат оваа убавица, и борците во октагонот и публиката.

Интересно е што Нина се зближи многу со некои од најголемите ѕвезди на УФЦ, што може да се види на нејзините профили на социјалните мрежи. Нејзината врска со Шон Стрикленд е легендарна, таа е една од ретките луѓе на кои тој им дозволува да го „повикаат“ во видеа. Таа исто така има направено вирални скечеви со Алекс Переира, Џон Џонс и Дана Вајт.

 

Се вчитува...