Прва лига: Големи победи на Бутел и на Вардар

На програмата беа и неколку интересни натпревари во рамките од Првата лига (второ по квалитет натпреварување во мак-баскетот), во кои Бутел по голема битка ги совлада штипски Соколи, додека Вардар беше подобар од Мега Баскет.

БУТЕЛ – СОКОЛИ 1933 77:71

На крајот, на победата и се радуваа кошаркарите на Бутел, до неа дојдоа во самиот финиш на натпреварот, во кој беа малку посконцентрирани во однос на противникот, направија и помалку грешки во клучните моменти на играта, што на крај им го донесоа посакуваниот резултат.

Гостите од Штип имаа подобар почеток, и минути во кои се стекнаа со солидно водство (21:15). Но бутелци вратија во наредниот во кој не само што го стигнаа, туку до одморот имаа минимална предност од (40:39).

Доста изедначено се играше и во продолжението на овој дуел, кој практично беше и решен во последните минута-две во кои подобро се снајдоа домашните кошаркари.

Поентерски гледано, Киров реализираше најмногу – 17, Хот имаше 13, а Атанасов и Милески уште по 12.реализации.

На другата страна од теренот, во главна улога, кај стрелците беше Милков, кој постигна 24.поени, Костадинов даде 14, а Американецот Хамилтон уште 10.поени.

ВАРДАР – МЕГА БАСКЕТ 76:69

Мега победа за „вардаарции“ во дуелот на две екипи кои имаа беспрекорне ефект во првите три кола.

Во „Кале“ се играше израмнет натпревар во кој на крајот решаваа нијансите, а тие отидоа на домашната страна. Имаа неколку расположени поентери, од кои Стојановски заврши со 19. реализации, Младеновски имаше 16, Терзиевски 11, а Ѓорѓевиќ 10.поени.

Кај гостите од Прилеп за кои ова беше првиот неуспех во сезоната, се издвоија Враниќ, стрелец на 24.поени, Јованоски кој додаде 20, и Радичевски со 12.поени.

ОХРИД – ЦРН ДРИМ 81:74

„Езерското“ дерби им припадна на охриѓани. Односно на екипата која имаше една силна четвртина, вторта, која ја добија со високи (27:12), што се покажа и како пресуден фактор на дуелот во салата „Билјанини извори“.

Интересно, стружани ги добија останатите три, но не доволно за конечен успех.

Во третата победа за охридскиот прволигаш од почетокот на сезоната, одлично издание, заокружено со 31.поен, имаше Димитриевски. Грбовиќ додаде 15, а Бојоски уште 10.поени во победничката екипа.

Во онаа од Струга, слична распределба на реализациите. Камиловски даде 30.поени, М. Ѓоровиќ го следеше со 17, додека Шабани даде уште 10.

СТРУМИЦА РОЛИНГ – БОРЕЦ БАСКЕТ 55:83

Прва победа за велешани во новата сезона, Реализирана на гостински терен, во Струмица, поточно во салата „Парк“, каде беа подобри од домашниот Ролинг.

На крајот убедлива победа за Борец баскет, стекната на почетокот на второто полувреме. Подобро кажано во третиот период од играта во кој гостите го добија ссо (21-6), што со оние (45:33) кои ги имаа на полувремето беше и повеќе до доволно за триумфот во кој најискусниот нивни играч Штерјов даде 18.поени, исто колку и новакот Дерек Елис, додека Чадамов им помогна со 15.поени.

Во домашниот состав, кој е без победа во четири одиграни кола, капитенот Мицев уфрли 15.поени додека Атанасов имаше 13.

ТЕТЕКС ТТК – МЛАДИНЕЦ 95:64

И екипата на Тетекс ТТК дојде до првата победа во новата сезона, откако вечерва, на свој терен во Тетово, беше многу подобра од скопски Младинец. Славеа тетовци со убедливи (95:64).

По изедначената прва четвртина, во која двете екипи постигнаа по 22.поени, работите на теренот се сменија во наредните две.

Во вториот период од играта Тетекс ТТК направи „вишок“ од 14.поени (27:13), и на полувремето поведе со (49:35). Тука тетовци не застанаа, притиснаа уште повеќе во третиот дел, во кој и ја потврдија првата победа.

Во првиот успех, Шуменковски впиша 26.поени, Макревски имаше 21, а Теофиловски уште 16.поени.

Во екипата на Младинец, која ќе почека на првиот триумф, Мантев реализираше 12.поени, а Павловски имаше еден помалку – 11.

Утре, од 16.часот, во последниот натпревар од 4. коло, во Струмица ќе играат екипите на Струмица ФМП и Овче поле.

 

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Охрид – Црн Дрим 81:74

Вардар – Мега баскет 76:69

Тетекс ТТК – Младинец 95:64

Водно санс – слободен

ТАБЕЛА

1.Вардар 4 4 0 347:282 8,

2.Мега баскет 4 3 1 350:318 7

3.Охрид 4 3 1 336:307 7

4.Црн Дрим 3 1 2 249:245 4

5.Тетекс ТТК 3 1 2 238:248 4

6.Водно санс 3 0 3 225:274 3

7.Младинец 3 0 3 219:295 3

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

Бутел – Соколи 1933 77:71

Струмица Ролинг – Борец баскет 55:83

9.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

16.00: Струмица ФМП – Овче Поле

Сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CHnO1EnvUWk?si=S12rcKnq2OU7BcoW

Спортисимо – слободен

ТАБЕЛА

1.Соколи 1933 4 3 1 388:333 7

2.Струмица ФМП 3 3 0 270:147 6

3.Бутел 3 3 0 261:230 6

4.Овче Поле 3 1 2 274:249 4

5.Борец баскет 3 1 2 207:233 4

6.Струмица Ролинг 3 0 3 185:266 3

7.Спортисимо 3 0 3 177:304 3

Се вчитува...