Прво коло и веднаш рекорд во Лига Ендеса

Прволигашкото кошаркарско првенство во Шпанија започна на импресивен начин, надминувајќи рекорд стар 37 години. Станува збор за вкупниот број на постигнати поени во првото коло.

На деветте одиграни натпревари беа постигнати вкупно 1569 поени што го направи првото коло од сезоната 2023/24 седмо најефикасно коло во историјата на натпреварувањето.

Поентерската листа ја предводи Мурсија која постигна 104 поени во победата над Гранада, а поразениот тим го дели второто место по учинок заедно со Реал Мадрид со по 101 постигнат поен.

Во продолжение погледнете ги најдобрите десет потези во првото коло.

Се вчитува...