Ракометарите јануарски го стоплија „Кале“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

 „Кале“ како некогаш, одново се стопли ракометно во првите денови од јануари. Македонските ракометари ја победија селекцијата на БиХ со 28-24 во првиот тест натпревар пред настапот на СП во Франција што почнува на 11 јануари. Македонската репрезентација во наредните два дена ќе одигра уште два контролни натпревари со БиХ, но тие ќе бидат затворени за јавноста.

Дуелот со БиХ беше можност да ја видме на дело македонската репрезентација во подновен состав и како што најави селекторот Лино Червар, со нова концепција во играта. На теренот се појавија сите 21 репрезентативец што се во комбинација за настап на мундијалот. дел од познатите лица вечерва беа на трибините. Оттаму поддршка на репрезентацијата дојде и Борко Ристовски. Голманот на Барселона и доскоро прв чувар на мрежата во македонската репрезентација не е во составот за СП 2017, но тој сепак не ја пропушти можноста да и даде поддршка на македонската репрезентација пред настапот на мундијалот.

[new_royalslider id="473"]

Се вчитува...