Раскош: Меси си купи куќа во Мајами за 10 милиони долари (видео)

Лео Меси се пресели од Париз во Мајами и беше само прашање на време кога ќе најде идеално место за живеење за себе и за своето семејство.

Последните информации од САД говорат дека фудбалскиот генијалец неодамна купил куќа во Мајами, луксузен дом што го платил 10,75 милиони долари.

Станува збор за луксузен имот од 1.000 квадратни метри на самиот брег на Форд Лодердејл. Во куќата има девет спални соби и исто толку тоалети, десет кревети, како и базен со поглед на морето.

Куќата се наоѓа на 15 минути возење од стадионот, што беше многу важно при самата потрага на Меси. Погледнете како изгледа однадвор новиот дом на најдобриот фудбалер на сите времиња…

Се вчитува...