Бранителот на трофејот МЗТ Скопје одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја почне со дуел со Кожув, а доколку победат „металците“ во полуфиналето ќе налетаат на домаќинот Фени индустри, кој важи за апсолутен фаворит против Охрид. Работнички и Куманово ќе се сретнат во најинтересното четвртфинале, а подобриот од овој дуел ќе ги одмери силите со Карпош соколи.
Воедно, одредени се и точните термини за одигрување на четвртфиналните натпревари што ќе се играат следниот петок. Програмата во салата „Јамин“ во Кавадарци ќе почне со дуелот Карпош соколи – Вардар во 13 часот, домаќинот Фени индустри ќе се сретне со Охрид со почеток во 15.30 часот, дербито меѓу Работнички и Куманово на програмата ќе биде од 18 часот, Четвртфиналната програма ќе ја заокружи МЗТ Скопје со дуелот против Кожув, што ќе почне во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА