Ѓоковиќ планира да игра повеќе турнири во 2025 година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ планира да игра повеќе турнири во следната сезона и додава дека се уште е конкурентен на АТП турнејата.

Ѓоковиќ не ја има најдобрата сезона зад себе, иако го освои олимпиското злато кое толку многу му недостигаше. Тој во интервју за „Газета дело Спорт“ се осврна на изминатата сезона, попатно најавувајќи ја новата, која ќе ја започне со новиот тренер, Енди Мареј.

„Не играв многу во 2024 година и, освен олимпиското злато и финалето на Вимблдон, тоа беше можеби најнепрофитабилната сезона во последните 10 години, со многу подеми и падови, прашања кои треба да се решат дури и на приватно ниво. Следната година ќе играм повеќе турнири, посебен приоритет ќе ми бидат слемовите. Ќе дадам се од себе за да победам, се разбира доколку телото ми дозволи. Добро сум, имам уште време да се одморам и да анализирам што можам да подобрам за да имам подобра сезона од минатата“, рече Ѓоковиќ.

Се вчитува...