Рекорден: Махоумс од Чифс доби 503 милиони долари за 10 години

Најкорисниот фудбалер од последниот „Супербоул“ квотербекот Патрик Махоумс потпиша договор со Канзас Сити Чифс на 10 години вреден 503 милиони долари.

Договорот кој го потпиша Махоумс со актуелниот шампион е најбогатиот во историјата на НФЛ. Тој ќе остане верен на Чифс до 2031 година, што е првпат да се случи во историјата на професионалниот американски фудбал откако е воведен „селари капот“. Претходно, десетгодишен договор доби тренерот на Оукланд Рејдес, Џон Груден кој во клубот се врати пред две години, но сумата која ја доби за него (10 милиони долари) е далеку помала од овие 503 милиони на Мехоумс.Ова е највредниот договор во историјата на спортот.

 

 

 

View this post on Instagram

 

Report: Patrick Mahomes’ extension with the @chiefs is worth $503 million. The RICHEST contract in sports history. ?

A post shared by SNF on NBC (@snfonnbc) on

Се вчитува...