Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригес конечно би можеле да кажат „судбоносно да“ овој викенд, пренесуваат португалските медиуми. Според нивните тврдења, гламурозната церемонија е закажана за сабота, во прекрасниот и мистичен дворец Кинта да Регалеира во Синтра, Португалија.
Иако најавите за венчавката се уште официјално не се потврдени, ниту пак негирани од страна на славната двојка, јавноста веќе шпекулира за деталите. Извори блиски до нив откриваат дека Георгина претпочитала настанот да не биде огромен јавен спектакл, туку поинтимна прослава за најблиските.
И покрај желбата за приватност, списокот на потенцијални гости ветува глобален настан со неверојатен сјај. Се тврди дека меѓу поканетите се фудбалските ѕвезди на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, иако Роналдо никогаш не ја делеше соблекувалната со нив во „кралскиот клуб“. Засега останува мистерија дали на свадбата ќе присуствуваат неговите сегашни соиграчи од Ал-Наср.
Покрај фудбалската елита, на списокот се наоѓаат и бројни светски познати имиња од шоу-бизнисот и спортот, меѓу кои актерот Вин Дизел, новинарот Пирс Морган, музичките ѕвезди Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк и Тревис Скот, ММА легендата Хабиб Нурмагомедов, поранешниот соиграч Рио Фердинанд, како и популарната интернет-сензација Ајшоу Спид.
Врската помеѓу португалскиот ас и Георгина започна во 2016 година, по нивната случајна средба во продавница на брендот „Гучи“ во Мадрид, каде Георгина работеше како продавачка. По една деценија заеднички живот, тие ја крунисуваат својата љубов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
