Роналдо откри што е најскапата работа што ја има купено, цената е неверојатна

Кристијано Роналдо во последното мега-интервју за британскиот водител Пирс Морган говореше на најразлични теми, обелодени и дека е милијардер најмалку две години (иако неодамна беше објавено дека тоа е случај од пред неколку меесеци), по што Португалецот откри и на што најчесто ги троши парите.

Јавна тајна е дека Кристијано има неверојатна колекција на автомобили, но тој откри дека воопшто не ги вози ексклузивните коли што го чинат милиони.

„Знаете дека сум колекционер на убави автомобили. Дури не ни знам колку возила имам во таа колекција, 41, 42, можеби и повеќе… Се колнам, не знам колку се точно, пред извесно време бев во Мадрид за да направам „инспекција“, но не возев ниту една од нив. Ако сум искрен, речиси никогаш не ги возам тие автомобили. Јас не возам ниту во Саудиска Арабија бидејќи сообраќајот е ужасен. Вчера се вратив дома со БМВ што ни е дадено од клубот, тоа ми беше прво возење во последните шест меесеци“, истакна Роналдо.

Воедно, тој обелодени и кој е најскапиот подарок што си го има купен самиот на себе, со неверојатна цена….

„Авионот што го имам е најскапото нешто што го имам купено. Првиот авион го купив на 30-годишна возраст, а потоа лани купив нов. Беше навистина скап „Глобал Експред 6.500“, со голем број модификации што самиот ги барав. Севкупно, цената беше речиси 50 милини евра“, откри Кристијано.

Се вчитува...