Роналдо повторно станува татко: Џорџина повторно е бремена!?

На финалниот натпревар од Лигата на нации во кое Португалија ја победи Шпанија сосема очекувано беше присутна и поубавата половина на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез која поради еден момент дополнително го привлече вниманието на присутните.

Како што пишуваат Португалците, вниманието го привлече, овој пат, ништо друго туку нејзиниот стомак. Во ложата на „Алијанц Арена“, во еден момент било лесно приметливо беше дека нејзиниот стоман е „поголем од вообичаеното“, па веднаш е лиферувана информацијата дека е повторно бремена.

Кристијано и Џорџина имаат пет деца, од кои Џорџина е биолошка мајка на Алана Мартина и Бела Есмералда. Инаку, Роналдо има 14-годишен син, Кристијано Џуниор, и сè уште не го открил идентитетот на неговата биолошка мајка. Покрај тоа, тие ги имаат седумгодишните близнаци Матео и Ева, кои се родени од сурогат мајка.

Се вчитува...