Сапуница без граници: Ванда Нара го извади Икарди од „кожа“

Сапуницата меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди не завршува ниту повеќе од една година по нивниот официјален развод. Двете страни продолжуваат со препукувања, Ванда инсистира на алиментација од над 300.000 евра месечно за трите деца што ги има со голгетерот, додека тој ја обвинува токму неа како главна виновничка за разводот, поради љубовната афера што ја имала со неговиот поранешен соиграч Кеита Балде.

Икарди го мина првиот дел од рехабилитациската програма во татковината, но се врати минатата седмица во Истанбул, навреме за прославата на титулата на Галатасарај.

Крај него беше новата девојка Чина Суарез, но не и трите деца што ги има со Ванда, по што Икарди на својот инстаграм профил жестоко ја нападна поранешната сопруга.

„За сите што сакаат да знаат зошто моите ќерки не беа присутни на забавата, ајде да ги тргнеме маските… Мајката забранува да ја напуштат земјата, мајката забранува да зборувам со моите ќерки, забранува да ги гледам своите деца.. Таа не ги почитува судските одлуки бидејќи очигледно не и одат во корист. Во Аргентина бев шест месеци, а децата си ги видов само еден ден. Психолозите кои вршеа професионална проценка јасно укажаа дека децата само го повторуваат она што мајката им го зборува (како да им го има испрано мозокот). Упорно постира на социјалните мрежи лаги за мене, иако достави до судот барање јас да не пишувам ништо за неа на моите профили. Повторени и повторени лажни обвинувања, веќе им нема број. Нема проблем, вистината наскоро ќе излезе на виделина“, напиша видно разочараниот аргентински фудбалер.

Се вчитува...