Никола Јокиќ одигра уште еден историски меч во дресот на Денвер, станувајќи прв кошаркар што успеал да стигне до трипл-дабл, притоа постигнувајќи најмалку 60 поени.
Србинот добива комплименти од сите страни, Шекил О’Нил исто така имаше пофални зборови за асот на Денвер, но поранешниот МВП на лигата ја смени плочата кога беше прашан кој би победил во меч во кој овој Никола Јокиќ од сегашноста би се сретнал со Шекил од 2001 година.
„Што би се случило? Пилешко на словенски начин, или од која земја и да доаѓа Јокиќ…. Би дал 40 поени без мака и би морале да ме удвојуваат. Би дал многу повеќе „двојки“ отколку што тој може да погоди тројки. И неговите браќа би сакале да ме тепаат, затоа што уште во првата акција би добил лакот во забите од мене“, изјави Шекил О’Нил.
Корпулиентниот центар освои три титули со ЛА Лејкерс во периодот од 2000 до 2002 година, при што тир пати беше избран за МВП на финалните серии. Статистички негова најдобра сезоната беше 1999/2000, кога имаше просек од 29,7 поени, 13,6 скокови и 3 блокади по натпревар.
Само за споредба, Јокиќ оваа сезона има неверојатен трипл-дабл просек од 29,3 поени, 12,8 скокови и 10,2 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА