Шкупи се помачи на Чаир, ама го доби „Суперкупот“ на Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи ја запиша првата победа во првиот свој натпревар во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Во еден вид „Суперкупот“ на Македонија, против освојувачот на Купот на Македонија од минатата сезона, Македонија ЃП, чаирчани на крај заслужено славеа во првиот меч на патот кон одбрана на минатогодишната титула.

По израмнетото прво полувреме, избраниците на Гоце Седлоски отпорот на „лавовите“ го скршија во само три минути, со два гола на Трапановски и Цефас, во второто полувреме од 67. до 70. минута. Гостите се вратија во игра со голот на Емир Скендери, но немаа сили за комлетно изненадување на домашните.

За Шкупи, најважното е што се запишани првите три бода во новата сезона, пред повторното враќање на интернационалната сцена и плеј-оф натпреварот со косовски Балкани за место во групната фаза од УЕФА Конференциската лига.

 

Се вчитува...