Шпанија го дефинира составот за СП во Франција

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, одбра 17 репрезентативци за завршната фаза од подготовките пред СП во Франција. Во оваа селекција од шпанскиот состав отпаднаа голманот Ксоан Ледо и левиот бек Карлос Молина.

Последна проверка за Шпанците пред СП, е  настапот на турнирот во Ирун, на кој Шпанија во првиот дуел ја победи Полска, денеска ќе игра против Аргентина, а утре против селекцијата на Катар. По овие три контролни натпревари, Рибера ќе ја напрви последната селекција и ќе ги одреди 16 репрезентативци што ќе настапат на мундијалот во Франција. За потсетување, уште во првата селекција од составот на Шпанија отпаднаа двајцата ракометари на Вардар,  голманот Арпад Штербик и десниот бек, Хорхе Македа.

На турнирот во Ирун, во составот на репрезентацијата на Шпанија се: голмани- Гонзало Перес де Варгас и Родриго Коралес, леви бекови – Жоан Канељас, Јосу Гони, и Алекс Костоја, средни бекови – Раул Ентрериос и Дани Сармиенто, десни бекови – Алекс Душебаев и Едуардо Гурбиндо, леви крила – Анхел Фернандез и Валеро Ривера, десни крила – Виктор Томас и Давид Балагуер, пикери – Хулен Агинагалде, Гидеон Гвардиола, Адриа Фигуерас и Виран Морос како специјалист за одбрана

Шпанија е еден од противниците на Македонија во групата Б во Мец. Дуелот со Шпанија е на 18 јануари во рамките на 4.коло од првата фаза на СП во Франција.

Се вчитува...