Што прави Бобо Виери после фудбалот?

Кристијан „Бобо“ Виери беше еден од најдобрите фудбалери во светот. Легендата на Италија и на Интер во својата кариера постигна 236 гола и беше водечки голгетер во Серија А и во Ла Лига, во различни периоди од својата кариера.

Сега, на 44 години, Бобо Виери води многу поразличен живот далеку од фудбалскиот терен, но, сепак блиску до двете најважни работи во неговиот живот – фудбалот и убавите жени. Тој најчесто е на Мајами Бич каде игра фудбал на плажа и „футволеј“.

Поради страста за фудбалот Виери има свој сопствен турнир „Bobo Summer Cup“. Турнирот е од хуманитарен карактер, а секоја година привлекува и голем број фудбласки ѕвезди како Ернан Креспо, Лука Тони и Алесио Такинарди.

Кога не игра фудбал, Виери одмара на плажа во друштво со својата атрактивна девојка Констанца Карачоло. Таа е актерка и е 16 години помлада од Виери. Иако познатиот плејбој конечно се смири покрај атрактивната Констанца, тој сепак, често е во друштво со по неколку девојки, но и со своите стари фудбалски пријатели.

Се вчитува...