Швајнштајгер не штеди кога е Ана во прашање

Германскиот фудбалер Бастиан Швајнштајгер и поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, деновиве очекуваат принова во семејството. Славната двојка со голема возбуда го очекува раѓањето на нивното прво дете, а бројни светски медиуми ја ловат секоја новина од нивното опкружување.

Така од извори блиски на семејството, излезе и информацијата за изненадувањето што и го подготвува Швајнштајгер на својата сопруга. Германецот не штеди кога е во прашање неговата сакана Ана и подготвува скапоцен подарок како изненадување после породувањето. Фудбалерот анажирал агент за недвижности кој треба да најде луксузен стан во омилениот град на Ана, Чикаго, на одбрана локација со поглед на целиот град.

„Сите во семејството се радуваат на раѓањето на бебето. Бастијан е постојано со Ана, ги исполнува сите нејзини желби. Не и откри дека ја чека специјален подарок, но ситево семејството се ангажирани околу тоа“ – открива извор близок на семејството на српската тенисерка.

Ана Ивановиќ треба да се породи во Германија, на една од најдобри клиники каде породувањето чини 15.000 евра, а потоа семејството се враќа во својот дом во САД.

Швцајнштајгер и Ивановиќ во јуни 2016 година ја крунисаа со брак тригодишната врска, семејниот живот го ставија пред славните кариери и лани се преселија во Чикаго.

Се вчитува...