Синот на Џордан: Сакам татко ми да ми биде кум кога ќе се оженам со поранешната на Пипен

Вљубениот пар Маркус Џордан и Лариса Пипен, планираат да го изговорат судбоносното „ДА“ и со тоа да ја овековечат својата љубов. Синот на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан и поранешната жена на Скоти Пипен, се заедно од есента 2022 година, а сметаат дека нивната врска е подготвена за чекор напред.

Парот се појави во еден поткаст, а таму открија и некои планови за венчака, за која е прашање само на време. Во подкастот Маркус кажа дека сака кум да му биде неговиот татко Мајкл.

„Јас му бев кум на неговата венчавка, и на венчањето на мојот брат. Секако, би сакал таа традиција да продолжи“, рече Маркус.

„Работиме на венчавка, и натаму немаме датум, разговаравме за локација и за број на гости, но свадбата ќе се случи“, вели Маркус.

Се вчитува...