Скандал во Германија: Франк Рибери нападнал новинар по поразот од Борусија Дортмунд

Кризата во Баерн Минхен влијае и на атмосферата. Францускиот интернационалец Франк Рибери нападнал новинар по поразот на баварскиот тим во дербито против Борусија Дортмунд. Рибери, кој важи за темпераментен фудбалер, во микс – зоната направил инцидент, по непријатните прашања што го добил од францускиот новинар Патрик Гилу. Инцидентот го потврди и клубот, преку спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

„Франк Рибери го информираше клубот дека имал непријатност со г-нот Патрик Гилу, иако тие одлично се познаваат и приватно. Се согласуваме и сочувствуваме со францускиот новинар и ќе сториме се за да го решиме овој проблем на приватна средба. Господинот Гилу се согласи и призна дека и тој бил малку повеќе љубопитен од вообичаеното“, изјави Хасан Салихамиџиќ за германските медиуми.

Се вчитува...