На само неколку дена пред почетокот на Европското првенство во Грузија, женската одбојкарска репрезентација на Хрватска ја потресе голем скандал. Селекторот Мирослав Аксентијевиќ поднесе оставка од „приватни причини“, а УО на Хрватската одбојкарска федерација експресно го смени и на негово место го назначи Игор Ловринов.
„Тоа беше итно решение бидејќи имавме кризна ситуација“ – изјави новиот селектор на хрватската репрезентација, Игор Ловров.
Хрватските медиуми ја открија вистинската причина за „кризната ситуација“ и за изненадната селекторска смена на два дена пред настапот на ЕП. Според пишувањето на „Вечерњи лист“, Аксентијевиќ влегол во собата на една од репрезентативките и ја вознемирувал, а таа им се пожалила на родителите после што настанал голем хаос во хотелот во кој биле сместени хрватските одбојкарки.
„Селекторот една вечер се појавил во собата на една од одбојкарките. Можеби се почнало со разговор, но потоа се случило нешто што никако не смеело да се случи. Селекторот ја преминал границата и доволен бил еден допир со раката, по кој репрезентативката буквално, полудела и веднаш ги повикала родителите. А потоа настанала вистинка узбуна во хотелот…“ – пишува „Вечерњи лист“.
Иако, официјално од ниедна страна нема потврда за овие случувања во хрватската репрезентација, скандалот брзо протекол во јавноста и резултирал со итна смена на селекторот.
Аксентијевиќ беше селектор на женската одбојкарска репрезентација на Хравтска од ноември 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА