Сопругата на Кари отрки интимни детали: Стеф има „фетиш“ на моите стапала

Сопругата на познатиот кошаркар Стеф Кари, Ајша во една емисија проговори за интимните детали од нивниот брак.

Кошаркарот и актерката се во брак од 2011 година и имаат три деца. Нивниот брак се смета за еден од најстабилните, па многумина се заинтересирани за тоа што го прави толку силен.

Ајша во емисијата откри дека Стеф ги сака нејзините стапала. Сопругата на двократниот МВП на НБА и член на Голден Стејт Вориорс призна дека тој има посебен однос со нејзините нозе.

„Мојот сопруг ги сака моите стапала. Еден ден светлината ми светна на стапалата на необичен начин и си помислив: „Ајде да му пратам фотографија“. Оттогаш знам, кога ќе побара секси фотографија, токму тоа го добива – фотографија од моите боси стапала“, рече Ајша.

Се вчитува...