Одбојкарската репрезентација на Србија го освои третото место и бронзениот медал на Европското првенство што се одржува во Полска, откако во малото финале ја совлада Белгија со 3-2 во сетови. Во еден супердраматичен меч, Србите имаа повеќе нерви и подобра концентрација во завршницата и успеаја да слават, иако имаа негатива од 2-1 во сетови.
Србија го доби првиот сет релативно лесно со 25-17, но потоа возвратија Белгијците и ги освоија наредните два, со 22-25 и 19-25. Избраниците на Никола Грбиќ успеаја да се соземат и го добија четвртиот сет со 25-22, а вистинска драма се одвиваше во решавачкиот петти сет. Сепак, Србите на крајот успеаја да излезат како победници откако го комплетираа со 15-12.
Во финалето на ЕП во одбојка вечерва се среќаваат селекциите на Русија и на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА